Во централниот дел на Хрватска, блиску до споменикот Петрова гора, во Карловачката жупанија, се наоѓа една напуштена куќа во шума. Однадвор изгледа како која било друга куќа. Има неколку катови, ништо посебно. Интересен дел е лифтот, кој не оди на горните катови. Зошто? Бидејќи оди во подземјето, 50 метри.
Ова топ тајна радио станица е дизајнирана за да издржи атомски удар. Овој фасцинантен објекt бил една од најчуваните тајни на поранешната ЈНА.
Тука, всушност, се криело засолништето кое би се употребило при атомски напад, а кое било опремено во него да се живее 3 месеци без излегување надвор. Како што појаснил Златко Чишпер, пензиониран бригадир, се протега на 2.000 метри квадратни, со цела низа простории – спални соби, електрична централа, кујна, остава, простории за престој како и простор за деконтаминација…
Сите простори се меѓусебно оддалечени со прегради и со врати со ударни вентили за случај на атомска експлозија. Во излезниот дел се наоѓа бетонска врата од 40 тони, конструирана да разбие па дури и да запре бран од нуклеарен удар.