Вчера околу 18 часот на патот Радовиш – Штип се отвори огромна дупка длабока 2 метри, а уште десетици автомобили настрадаа со дупнати гуми и оштетени предници на своите возила.
За среќа немаше посериозни последици, туку причинета е само материјална штета.
Се претпоставува дека оваа дупка е настаната поради големите поплави, кои овие денови ја зафатија Македонија.