Вијаја Кумари била затворена уште во 1993 година поради наводна поврзаност со убиството на соседот. Иако невина, таа поминала 19 години во затвор бидејќи не можела да ја плати кауцијата.
Канхаија Кумари (19) е роден во затвор. За време на апсењето била во петиот месец од бременоста. Неговата мајка е осудена за наводна поврзаност со убиство. Една година подоцна судот донел одлука дека може да биде ослободена со кауција. Во меѓувреме нејзиниот сопруг ја напуштил, а таа не можела да ги собере парите за кауција.
По породувањето мајката и синот се префрлени во затворот Нари Никетан каде детето со мајката поминало 11 години. Следните седум години ги поминал во дом за малолетници, а штом е пуштен од домот започнал да работи во фабрика за текстил за да заработи пари за кауцијата на мајка си.