Кога сфатила дека работите не одат како што треба, почнала да паничи…
„Вампирското“ затегнување на лицето е се повеќе популарно, а Кери Катона одлучила и сама да ја проба оваа метода.
Поранешната поп пејачка и водителка заминала на клиника за да ја направи оваа процедура.
Меѓутоа, кога ја напуштила ординацијата нејзиното лице било потполно поинакво од она кое го очекувала.
Надуена и изобличена отишла дома во солзи. Како поминувале деновите ситуацијата била се полоша. Отокот бил се поголем и поголем до таа мерка што таа се плашела да заспие затоа што мислела дека никогаш нема да се разбуди.
На крајот морала да прими стероиди за да и се смири, а до тогаш буквално стравувала за својот живот.