ФОТО: Војната ги разделила по само 3 дена брак – што се случи 60 години подоцна?


Борис ги поминал годините од животот обидувајќи се да ја најде својата нововенчана сопруга, но целосно го изгубиле контактот.

Оваа приказна ќе ви ја врати вербата во љубовта. Верувајте, постои сродна душа, само треба да почекате за да ја најдете.

Приказната на Ана Козлов и Борис е следнава:marrywatr

Поминале само три дена од венчавањето на Ана Козлов и Борис, а тој веќе морал во Црвената армија. Тоа било во 1946 година. Таа го чекала, но Сталин ја протерал неа и нејзиното семејство во Сибир од каде не можела да му пишува на својот сопруг. Борис ги поминал годините од животот обидувајќи се да ја најде, но целосно го изгубиле контактот.

Ана била скршена и размислувала за самоубиство. Нејзината мајка тогаш ги уништила сите спомени на Борис, вклучувајќи ги и фотографиите од венчавката и писмата. Таа на крај повторно се омажила, а Борис се оженил. Годините поминувале и двајцата ги изгубиле своите сопружници, а потоа се случило чудо.

Ана го посетила родното село, каде некогаш двајцата живееле. Одејќи по улица во далечината здогледала постар маж. Срцето и заиграло, тоа бил Борис. Тој дошол во селото да го посети гробот на своите родители. Здогледувајќи ја Ана потрчал до неа. Сите чувства се вратиле. Повторно се венчале и конечно живееле заедно како маж и жена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1