Вечерва околу 20 часот на дежурниот телефон 192 во полицијата граѓанин пријавил дека слушнал експлозија на булевар „Гоце Делчев“ во непосредна близина на скопскиот Кривичен суд потврдија за Алфа од СВР Скопје.
Од таму велат дека повредени нема ниту пак е причинета материјална штета а детали околу тоа што се случило пред Кривичниот суд и што експлодирало ќе се знаат по завршувањето на увидот кој е во тек.
Од МВР велат дека полициски екипи веднаш излегле на терен. Утврдено е дека нема повредени и нема оштетни автомобили. Единствено оштетена е една жардинера.
Голем број полициски службеници во моментов се наоѓаат пред скопскиот Кривичен Суд.