Двајца фотографи снимиле непознато летало над градот Амарила, а фотографиите ги објавија на Интернет во надеж дека некој ќе успее да одгатне за што се работи.
Пензиониран маринец со речиси две децении искуство во авијација изнесе теорија за мистериозниот летечки објект, кој минатиот месец е виден на небото над Тексас.
Ветеранот Џејмс Винјард изнесе едно интересно објаснување. Тој рекол дека верува дека снимениот објект е всушност СР-72 Блекбирд, шпионски авион способен да го прелета цел американски континент за помалку од еден час и тоа без пилот.
Тој истакнува дека можеби Пентагон го испратил шпионскиот авион кон Индискиот океан за да помогне во потрагата по исчезнатиот боинг 777 на Малезија ерлајнс.
Но, еден од фотографите кој го видел леталото не се сложува со таа теорија. Вели дека СР-72 е се уште во развој, и дека се работи за авион кој лета со брзина од неколку маха, додека снимениот летал со брзина слична на патничките авиони.
СР-72 го развива фирмата Локид Мартин во Калифорнија, а судејќи според нивната интернет страница, авионот би можел да биде во функција до 2030. година.
СР72 е наследник на легендарниот модел СР-71 Блекбирд претставен во 1966. година – авионот кој го сруши рекордот кога во 1976. прелета од Њујорк до Лондон за само два часа.