2 малолетници избодени со нож во Железара


Две момчиња на возраст од 16 години биле нападнати со нож во скопската населба Железара, извести МВР.

noz

Инцидентот се случил синоќа околу 21.50 часот, кога малолетниците Ј.П. и Е.И. биле нападнати од поголема група лица.

Веднаш биле пренесени во Ургентниот центар, каде што на Ј.П. му е констатиран расек на десната натколеница, а Е.И. имал убод во стомакот.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1