ФОТО ЗА КОE ЗБОРУВА ЦЕЛ СВЕТ: Дали е снимен суперсоничен шпионски авион?!


Двајца фотографи снимиле непознато летало над градот Амарила, а фотографиите ги објавија на Интернет во надеж дека некој ќе успее да одгатне за што се работи.

sp-av1Пензиониран маринец со речиси две децении искуство во авијација изнесе теорија за мистериозниот летечки објект, кој минатиот месец е виден на небото над Тексас.

Ветеранот Џејмс Винјард изнесе едно интересно објаснување. Тој рекол дека верува дека снимениот објект е всушност СР-72 Блекбирд, шпионски авион способен да го прелета цел американски континент за помалку од еден час и тоа без пилот.

Тој истакнува дека можеби Пентагон го испратил шпионскиот авион кон Индискиот океан за да помогне во потрагата по исчезнатиот боинг 777 на Малезија ерлајнс.

sp-av2Но, еден од фотографите кој го видел леталото не се сложува со таа теорија. Вели дека СР-72 е се уште во развој, и дека се работи за авион кој лета со брзина од неколку маха, додека снимениот летал со брзина слична на патничките авиони.

СР-72 го развива фирмата Локид Мартин во Калифорнија, а судејќи според нивната интернет страница, авионот би можел да биде во функција до 2030. година.

СР72 е наследник на легендарниот модел СР-71 Блекбирд претставен во 1966. година – авионот кој го сруши рекордот кога во 1976. прелета од Њујорк до Лондон за само два часа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1