Феноменално: Светлечките дрва ќе ги заменат уличните светилки (Видео)


Поради еколошката загриженост на светските експерти за тоа што се случува со нашата планета, дизајнерите смислија начин како електричната енергија да ја трошиме се помалку.

Biljka-Svetlost-1BioluminescencijaТие се ослониле на биолуминесценцијата (создавање и емитување на светлина од страна на живите организми), кои би ги пренеле на билките кои се наоѓаат во нашата околина. Во доба кога луѓето се обидуваат да ја намалат потрошувачката, дизјанерите се свртуваат кон природата која ја користат како инспирација и извор.

Еден холандски дизајнер се осврнува на биолуминесценција (создавање и емитување на светлост од страна на живите организми) како на пример медузата, за да создадат дрва кои светат. Научниците веќе создадоа мали грмушки кои светат користејќи биомимикрија, метод кој имитира систем кој се наоѓа во природата.

Дан Росгард е заинтересиран за осветлување на улиците без користење на струја. Заедно со научниците од државниот универзитет Њујорк и компанијата „Биолоу“ работат на тоа да ја остварат својата визија.

Biljka-Svetlost-Drvece-Bioluminescencija

Него го интересира како организмите како што се медузите произведуваат светлост.

Росгард заедно со Александар Кирчевски креирале генетски модификувани панталони кои сјаат во мракот.

Холанѓанецот планира да ги искористи големиот број на билки за уметничка инсталација создадена од светлечки дрва.

„Тоа ќе биде фасцинантно и ќе изгледа како неверојатен поетски пејсаж“, изјави Росгард. Компанијата „Биолоу“ која стои зад оваа иновација, е сместена во Сент Луис и тврди дека овој Аватар ќе биде прва билка која емитува светлост.

Тоа е генетски модификувана верзија на обична билка во саксија, која се вика Никотил алат и свети константно додека е жива. Компанијата на аукција ја понудила првата група на светлечки грмушки и веќе добива конкуренција од билки кои во моментов се одгледуваат.

Biljka-Svetlost-Bioluminescencija

Феноменот на живи организми кои светат во природата се вика биолуминесценција. Постојат преку дваесет независни еволуирани механизми кои можат да се најдат во природата. Аутолуминсцентните билки – грмушки кои произведуваат светлост- настануваат од „светлечки“ пат од морски бактерии во хлоропласт билка. Покрај работата на Росгард уште еден проект под името „Светлечка природа“ е дизајниран така што е нормално дрвата да светат без користење на генетски модификации. Проектот ќе користи прецизни „билошки бои“ за да креира светлост.

Инжинерите и дизајнерите сметаат дека градовите во иднина ќе бидат прекриени со „светлечки дрва“ и луѓето ќе имаат „урбани фарми“ во зградите. Светлосниот спреј кои ја апсорбира прашината, ќе може да им дава одреден вид на сјај во текот на ноќта на зградите и патеките. Нема да има потреба во толкава мера за јавно осветлување, со што би се смалила емисијата на јаглерод во урбаните центри и ќе ги направи повеќе еколошки.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1