Пазете си ги децата: Нова опасна дрога откриена во Македонија


Битола е градот за прв пат полицијата ја регистрираше новата опасна дрога која во нарко круговите е позната под имињата „bath salts”, „Blow”, „research chemicals”, „Explosion” и други.

Корисниците на оваа дрога се откриени во Битола, а по нејзиното консумирање извршиле неколку разбојништва.

whitepowderДрогата позната под името „bath salts“ кај корисниците предизвикува агресивност и неконтролирано однесување. Истата е исклучително опасна по животот и здравјето на луѓето.

Карактеристично за оваа дрога е што таа е стимуланс на централниот нервен систем, сличен на кокаинот и амфетамините.

Тоа што треба да ги загрижи граѓаните и ризичната популација е фактот дека оваа дрога и дополнителните дејствија од неа во последните години се причина за смрт на 99 лица во земјите членки на Европската Унија. Хемиското име на дрогата е метил-ендиокси-пировалерон или скратено МДПВ

Општата карактеристика кај корисниците на дрогата, која е синтетичка верзија на кокаин е дека се агресивни, со неконтролирани движења, хипер активни.

Дрогата била пронајдена при преглед кај битолчанка, потоа при претрес во дом на друго лице во с.Трново Битола, како и кај братот на девојката. По извршеното вештачење на одземената бела прашкаста материја било утврдено дека станува збор за нова дрога која за прв пат се појавува во Македонија.

Освен оваа супстанција во дополнитата класификација се внесени и 14 други нови наркотици и нивните мешавини. Меѓу нив има дроги што предизвикуваат психоделични ефекти, аналгетици со 80% од моќноста на морфинот, аноректични дроги, односно супресанти на апетитот кои предизвикуваат параноја, халуцинации, анксиозност и депресија, деривати на амфетамини и други.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1