По разните шпекулации за здравствената состојба на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун, кои отидоа дотаму и дека Ким починал по операција на срцето, на социјалните мрежи почна да се шири фотографија на која тој е прикажан починат во стаклен ковчег. Фотографијата првично се појавила на кинеската социјална мрежа Веибо.
Нема информации дали фотографијата е автентична, или пак, станува збор за фотошоп.