Фотографија која го шокираше регионот: 3-годишно дете позира со кокаин


Tригодишно дете позира со неколку линии на дрога спремни за конзумирање. Фотографијата била направена додека детето било во посета на неговиот татко.Тој фотографијата прво и ја испратил на поранешната сопруга, која ја испратила до хрватските медиуми.dete-heroin-3

Морав нешто да направам, без разлика на стравот. Ние се разведовме токму поради неговото дрогирање – изјавила жената за хрватската емисија „Проверено“.

Жената прво се обидела да го пријави таткото во Центарот за социјални работи, но бидејќи таму не сакале да ја ислушаат, случајот го пријавила во полиција. Дури тогаш од Центарот повторно и се јавиле за да даде исказ, по што ја советувале да го тужи поранешниот сопруг.

Таа вели дека не направиле ништо повеќе за заштита на детето. Прашува дали треба да се случи трагедија, како момчето што неодамна ја голтна дрогата на родителите во Хрватска, за институциите да направат нешто.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1