Овој месец се сеќаваме на сите ангели кои не успеале да се родат, оние кои не ја почувствувале топлината на мајчината прегратка… Во овој месец се покренува свеста за сите родители кои изгубиле дете.
Приказна која ќе ве трогне длабоко во срцето. Фотографија која долго ќе ви остане врежана во сеќавањето.
Мојата драга и прекрасна пријателка Кетрин дојде кај мене со специјално барање за семеен портрет. Таа и нејзиниот сопруг сакаа фотографија која ќе го отслика нивното семејство од 8 членови, со нагласок на 5-те бебиња кои ги изгубиле…
Ова е финалната фотографија која ја направив за неа. Ја изработував неколку денови и ми беше тешко на срцето. Можам само да замислам колку им било тешко нив, во текот на сите овие години. Срцето ми се крши за неа и за нејзиното семејство.
Октомври е интернационален ден за губење на децата во бременоста и по раѓањето. 1 од 4 изгубени деца е толку срцекршечка статистика. Ве молам одделете момент за Karhryn и за сите семејства кои страдале со губење на бебе. Испратете им ги на сите своите убави мисли, прегратки и охрабрување. Не ги оставајте да страдаат сами.
“Кога дете ќе ја изгуби својата мајка, го нарекуваат сираче, кога жена ќе го изгуби својот маж, ја нарекуваат вдовица. Кога родителите ќе изгубат дете, не постои збор со кој може да се опише тоа.”
Во овој месец се подигнува свеста за сите родители кои изгубиле дете.
Рингераја.мк