Саркози е „љубоморен кретен“ – вели Берлускони во неговата прва биографија


„Кретен“ кој одбива да се ракува со него, љубоморен на неговото богатство, така Силвио Берлусконо го опиша Николас Саркози во својата прва авторизирана биографија „My way“ која на интернет е објавена во Италија.sarkozi berluskoni

Според книгата на американскиот новинар Алан Фридман, поранешниот француски претседател често бил безобзирен кон шефот на италијанската влада.

„Беше љубоморен, затоа што јас сум богат, а тој не“, тврди Берлускони кој раскажал дека Саркози по венчавката со Карла Бруни рекол – „Гледаш Силвио, сега сум богат, како ти!“

Берлускони во книгата исто така раскажал како на германската канцеларка Ангела Меркел од својот џеп и подарил многу парчиња накит, кои таа секогаш со задоволство ги прифаќала.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1