Фоторобот на осомничениот бомбаш самоубиец од Бургас


секој граѓанин кој можеби ќе го препознае лицето или има какви било информации во врска со него, истите да ги пријави во најблиската полициска станица или на бесплатните телефони на Министерството.

Профилот е создаден врз основа на остатоците пронајдени на местото на злосторот и изјави на очевидци.

Во врска со  терористичкиот акт –  самоубиствениот бомбашки напад на автобус со туристи од Израел, кој се случи на 18.07.2012 на аеродромот во Бургас-Р.Бугарија и во кој беа убиени седума а ранети триесетина лица, од страна на безбедносните служби на Бугарија, до МВР доставен е фоторобот од осомничениот.

Министерството за внатрешни работи на Р. Македонија апелира, секој граѓанин кој можеби ќе го препознае лицето или има какви било информации во врска со него, истите да ги пријави во најблиската полициска станица или на бесплатните телефони на Министерството.  Информациите може да се достават и по електронски пат на посочените контакт адреси:

Сектор за меѓународна полициска соработка Одделение за Европол – тел: 322 68 28; факс: 3142412; E-mail: europolmacedonia@moi.gov.mk.

Исто така, евентуалните информации може да се достават преку бесплатниот телфонски број 192 или на e-maiL адресата: kontakt@mvr.gov.mk

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1