Франција не сака Романци и Бугари да имаат слободен влез во Шенген зоната


ne vo eu

Франција не се согласува со одлуката на Брисел да им се овозможи на граѓаните на Романија и Бугарија слободен влез во Шенген зоната без пасоши, поради загриженоста за безбедноста на границите, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус.

– Доколку не дојде до промена на условите, ние нема да се согласиме. Луѓето кои доѓаат надвор од Европа, можат да влезат во Романија и Бугарија, а потоа слободно да се движат по остатокот на Европа. Тоа е проблем. Можеме да бидеме сигурни дека Бугарија и Романија имаат начин за контрола.

Во овој момент, ми се чини дека условите не се исполнети, предупреди Фабиус во жестоката дебата во владејачката француска коалиција околу третманот на ромската популација.

Романските и бугарските државјани имаат право да патуваат во шенген зоната и на територијата на Швајцарија и Норвешка, но со обрзувачка патна исправа – пасош.

Привремените ограничувања и наметнување пасошка контрола се воведени за граѓаните на двете земји, по нивниот влез во ЕУ во 2007 и треба да бидат укинати од 1 јануари 2014.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1