Од идната година на ручек на крстот на Водно – конечно ќе проработи ресторанот


krst vodnoОд идната година, граѓаните во зимските месеци ќе имаат каде да се засолнат на врвот на Водно, а во летните, каде да одморат под сенка.

Според очекувањата на ЈСП, институцијата која ќе стопанисува со овој простор е дека долго најавуваниот ресторан на Милениумскиот крст ќе почне да функционира од догодина, со што би се заокружил целиот проект, заедно со жичницата.

Според проектот, прво треба да се направи антикорозивна заштита на крстот, потоа ќе се извршат браварски работи, па партерно уредување и осветлување, за да на крај се прејде на оспособување на ресторанот. За да го завршиме овој проект потребни ни се 2 милиони евра.

Сега преговараме со град Скопје и со министерството за транспорт и врски и се обидуваме да обезбедиме средства. Веднаш штом ќе дојдеме до средства, веднаш ќе пристаспиме кој објавување на тендер, вели Мишо Николов, Директор на ЈСП Скопје.

Алфа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1