Франција: Се породила пред матичарот кој ја венчавал


Една Французинка се породила во дворот на градската општина во која само неколку минути претходно го кажала судбоносното ДА.

Случајот е забележан минатиот викенд во едно мало градце во западна Франција.
Како што пренесуваат француските медиуми, новопечениот брачен пар по церемонијата излегол пред општинската зграда за да се сликаат но невестата добила силни болки.
Бебето што требало да се роди на 14 јули стигнало неколку минути пред да дојде брзата помош.
-Плачот на новороденчето во градската општина ги разнежни сите присутни! Тоа беше голем настан за нас, изјавил градоначалникот кој според француската традиција бил и матичар на венчавката, а кој знае можеби ке стане и кум!

Share Button
Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1