Француските деца не знаат што е цвекло


Речиси 87 проценти од децата во Франција не знаат што е цвекло, покажало истражување чии резултати биле објавени во четвртокот.

cvekloСпроведена на почетокот на годинава меѓу децата на училишна возраст, од осум до дванаесет години, анкетата открила дека децата не пијат доволно вода, конзумираат премногу зачини и разни индустриски преливи, не умеат да препознаат поголем дел од овошјето и зеленчукот и не го знаат потеклото на некои производи. за време на оброкот, речиси секое четврто дете пие сок или некој газиран пијалок. Само 20 проценти од испитаниците рекле дека никогаш не додаваат сол или шекер во храната, додека 10 проценти од нив во храната секогаш додаваат кочеп или некој сос на база на мајонез.

Децата воглавно лесно ги препознаваат крушите, лубениците или морковот, но затоа 87 проценти од нив немаат поим како изгледа цвеклото. Секое трето дете не знае што е праз или тиквица. Една четвртина од испитаниците не знаеле дека помфритот и чипсот се прават од компири. Близу 40 проценти од нив не го знаеле потеклото на некои производи како што е шунката, хамбургерот или шпагетите. Француското здружение на лекари ги советувало родителите за време на оброкот соковите кај децата да ги заменат со вода и да го зглемат внесувањето во исхраната на зеленчукот и овошјето, богати со витамини и минерали. Тие исто така им препорачуваат да им ги ограничат благите работи, а да го зголемат конзумирањето на рибата, како и оброците што почесто да ги готват сами на сметка на индустриски припремените јадења.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1