Францускиот обвинител Брис Робин соопшти дека копилотот управувал со авионот во моментот на несреќата, односно дека намерно го срушил авионот.
На снимката може да се чуе како пилотот тропа на врата, но копилотот, именуван како Андреас Лубиц, кој не ја отворил вратата. Исто така, контролорот на летот се обидел да го контактира за да го предупреди на висината, но не одговарал.
„Нагласуваме дека не е испратен повик за помош ниту било каква порака за проблемот. Копилотот имал намера да го сруши авионот“, вели Робин.
„Од снимката во кабината може да се слушне како пилотот му зборува на копилотот да го преземе управувањето со авионот. Но, копилотот почнал да го забрзува спуштањето користејќи ги клучевите за системот на следење за да го урне авионот. Тоа го направил по слободна волја“, изјави обвинителот.
На снимката исто така може да се чуе нормално дишење, копилотот не проговорил ниту збор, што значи дека бил во свесна состојба. Пред пилотот да ја напушти кабината, копилотот давал кратки одговори. По неговото излегување, копилотот молчел 10 минути.
„Одбил да му ја отвори вратата на пилотот и го вклучил копчето со кое почнал да го спушта авионот. Тоа било негова одлука“, вели Робин, додавајќи дека копилотот не бил терорист, односно дека ништо не упатува на тоа дека станува збор за терористички напад.
Копилотот Андреас Лубиц бил германски државјанин и имал 28 години.