Француското обвинителство: Копилотот намерно го срушил авионот – извршил самоубиство


Францускиот обвинител Брис Робин соопшти дека копилотот управувал со авионот во моментот на несреќата, односно дека намерно го срушил авионот.

На снимката може да се чуе како пилотот тропа на врата, но копилотот, именуван како Андреас Лубиц, кој не ја отворил вратата. Исто така, контролорот на летот се обидел да го контактира за да го предупреди на висината, но не одговарал.

„Нагласуваме дека не е испратен повик за помош ниту било каква порака за проблемот. Копилотот имал намера да го сруши авионот“, вели Робин.germanwings avion

„Од снимката во кабината може да се слушне како пилотот му зборува на копилотот да го преземе управувањето со авионот. Но, копилотот почнал да го забрзува спуштањето користејќи ги клучевите за системот на следење за да го урне авионот. Тоа го направил по слободна волја“, изјави обвинителот.

На снимката исто така може да се чуе нормално дишење, копилотот не проговорил ниту збор, што значи дека бил во свесна состојба. Пред пилотот да ја напушти кабината, копилотот давал кратки одговори. По неговото излегување, копилотот молчел 10 минути.

„Одбил да му ја отвори вратата на пилотот и го вклучил копчето со кое почнал да го спушта авионот. Тоа било негова одлука“, вели Робин, додавајќи дека копилотот не бил терорист, односно дека ништо не упатува на тоа дека станува збор за терористички напад.

Копилотот Андреас Лубиц бил германски државјанин и имал 28 години.

Ова е копилотот кој уби 150 луѓе – имал 28 години и намерно го урнал авионот на Герман Вингс

УЖАС: На црната кутија се слушаат врисоци на патниците, капетанот вика и плаче (ВИДЕО)

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1