Ова е копилотот кој уби 150 луѓе – имал 28 години и намерно го урнал авионот на Герман Вингс


Копилотот превземал целосна контрола над авионот кога пилотот излегол од кабината, при што намерно почнал да ја намалува висината. Копилотот Андреас Лубиц на авионот кој се сруши во француските Алпи со намера го урнал авионот, објавуваат француските истражувачи.

kopilot

Впрочем, тој е идентификуван како личноста која последна управувала со авионот кој се сруши, по што во несреќата животот го изгубија 150 патници и членови на екипажот.

Андреас бил многу млад и неискусен пилот, а со своите 28 години имал само 630 часа летање во воздухот. Во споредба со него, пилотот Патрик С. бил далеку поискусен. Бил 10 години постар и зад себе имал 6000 часа летање.

Германските медиуми пишуваат дека Андреас во “Џерман вингс” пристигнал директно од центарот за обука во Бремен.

Лубич бил вработен во компанијата „Џерманвингс“ од септември 2013 година и имал зад себе 630 часа летачко искуство, рекла портпаролката на „Луфтханза“.

Како што пренесува светски „Тајм“, неговите сограѓани го познаваат како „прилично тивок“, но пријателски настроено момче“. Последниот пат отишол во родниот град минатата есен како би ја обновил дозволата за едрилицата и тогаш „не покажувал никави знаци кои би можеле да укажат на депресија“.

Анализирајќи ги снимките од пилотската кабина, тие дошле до заклучок дека копилотот превземал контрола врз авионот и тоа во моментот кога пилото излегол од кабината. Кога тој се вратил назад, копилотот нејќел да го пушти внатре по што пилотот се обидел да ја скрши вратата. Но за жал по 18 мунити пад авионот се срушил во Франција.

 

УЖАС: На црната кутија се слушаат врисоци на патниците, капетанот вика и плаче (ВИДЕО)

Француското обвинителство: Копилотот намерно го срушил авионот – извршил самоубиство

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1