Една Французинка, родена од анонимна донација од сперма, бара до Државниот совет на Франција да и дозволи да дознае кој е анонимниот дарител и нејзин биолошки татко, јави дописникот на МИА од Париз.
Како аргумент за ваквото барање таа ги наведува ризиците од евентуалните крвни врски со нејзиниот сопруг.
Со сегашниот закон во Франција се гарантира анонимноста на донаторите на сперма.
Но, оваа анонимност на донаторите регулирана со францускиот закон, е во спротивност со членот 8 од Европската конвенција за човекови права, кој го заштитува „животниот интерес“ на секое лице, „за да добие информации потребни за откривање на вистината која се однесува на значајни аспекти на неговата личност, на пример идентитетот на неговите предци“.