Фрчат тужби протв ЕВН за наплатениот манипулативниот трошок од 6 денари


Со решение на Комисијата за заштита на конкуренција од 2009 год. одлучено е дека ЕВН Македонија од јануари 2005 год. заклучно со 28 февруари 2008 год. без основ, на секоја сметка наплатувала манипулативен трошок, по 6 денари.

evn-fakturi-golemiИмено, на сметките од дември 2007 год и јануари и февруари 2008 год. доколку под ставка 25 – манипулативен трошок, во износот на сумата за плаќање се наплатени  плус 6 денари, може да се тужи компанијата. Адвокат Светозар Ристески за ТВМ објаснува што е противправно во манипулативниот трошок кој ЕВН Македонија го наплатувала од граѓаните на Р Македнија.


„Истото е потврдено и со пресуда на врховниот суд на Р. Македонија со тоа што сите граѓани кои го платиле тој манипулативен трошок кој бил составен дел на сметката од 6 денари имаат право тие средства да им бидат вратени назад за споменатиот период до 28 февруари 2008 год. ЕВН  противправно го стекнала тој паричен износ. Ова право граѓаните може да го остварат во граѓанска парница преку постапка по однос на стекнување во граѓанките судови на Р Македонија“, вели адвокат Светозар Ристески.

smetkiРистески додава дека сите граѓани кои плаќајќи ја сметката за месеците декември 2007, јануари и февруари 2008 год. имаат право овие средства да си ги повратат со камата. Тој додава дека треба само да се внимава кога доспеало плаќањето на сметката, затоа што битен е рокот за доспеаност за плаќање на тие сметки. За граѓаните да можат да тужат треба само да приложат копија на платена сметка, со што ќе потврдат дека навистина ја платиле таа сума. „Ова е доволно за да започне постапката“, категоричен е адвокат Ристески.

„Во принцип се решава многу брзо со оглед на тоа дека предметот е одлично документиран, потои решение на комисија за заштита на манипулација поточно заштита на конкуренција и постои пресуда на врховен суд што значи дека ЕВН долгот го признава во тој дел.

Најмногу вакви тужби спорет ТВМ имало во Охирид – повеќе инфо на
http://www.tvm.mk/vesti-mobil/ohrid/14034-manipulativen-trosok-evn-skapo-cini

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1