Непознати лица во два одвоени инциденти пукале со огнето оружје во Гостивар и во Штип, при што едно лице заработило рана на раката, а еден проектил завршил во дневна соба.
Првиот инциденти се случил во петокот околу 22,30 часот во Гостивар, во кругот на летната бафча од ресторан „Сајгија“ лоциран на улица Илинденска бб. Непознат сторител испукал од онено оружје и додека Г.Р. излегувал од своето возило и се упатил кон една од масите во ресторанот во еден момент бил погоден од проектил во пределот над десната надлактница при што се здобил со расекотина.
Утринава околу 05,00 часот во Штип на улицата Славчо Стојменски, спроти продавница „Пако Табако“, непознато лице управувајќи со моторно возило со непозната марка и регистарски број, во движење од огнено оружје непозната марка и калибар, испукало пет куршуми и продолжило со двжење во непознат правец. Истиот ден, околу 06,00 часот во СВР-Штип, В.К. од Штип, пријавила дека од проектил од огнено оружје било искршено прозорско стакло и ролетна од дневната соба.