,, Нема да се воведе зонско паркирање, туку паркинзите ќе се бесплатни. Вака ќе биде до март, следната година, а после тоа ќе видиме“ – рече Коневски во изјавата што ја пренсе Вест.
Тој најави дека во следните 2 години општината планира да инвестира околу 340 илјади евра во паркинг простор, што ќе треба да го реши паркирањето за околу 4.000 возила.
Во последниве неколку години во Аеродром се изгради паркинг простор за околу 2.000 возила. Со дел од нив на барање на општината стопанисува Град Скопје и на нив е воведен зонски паркинг. Станува збор за просторот околу трговскиот центар Бисер и зад Скопјанка, за кои жителите на околината побараа да се наплаќа паркингот.