Фреските на Микеланџело на таванот на Систинската капела денес го слават својот 500-ти роденден, а Ватикан предупреди дека еден ден може да се ограничи бројот на посетители кои доаѓаат, со цел да се заштити едно од чудата на западната цивилизација. Систинската капела е без сомнение една од најпосетените во светот. Со подемот на масовниот туризам, секоја година ја разгледуваат 5милиони луѓе, или 20 илјади секој ден.
Систинска капела – жртва на својот успех
Директорот на Ватиканскиот музеј, Антонио Паолучи изјави дека не се предвидува ограничување на бројот на посетителите во „краткорочни или среднорочни иднина”, но дека музејот може да нема друг избор после тоа.
Во 1994-та година завршен беше 14-годишниот проект за обнова на капелата, во чиј склоп се вградени воздушни одвлажувачи, филтри и микроклиматска контрола. Сепак, бројот на посетителите се зголеми многу, и тој заштитен систем под самиот под е оптеретен. Паолучи изјави дека се тестираат „нов, hi-tech, радикален проект ” за заштита на фреските од атмосферски штета. Ако е се како што треба, системот може да биде готов во рок од година дена.
Систинската капела била изградена по барање на папата Сикст IV. помеѓу 1477 година и 1480-та година. Тамошните фрески на Микеланџело се сметаат за врвот на ренесансното сликарство. Скулпторот пристигнал во Рим на повикот на папата Јулиј II за да направи голема гробница со 40 статуи во природна големина, која не беше завршена. Папата во 1508-тата имал уште едно неверојатно барање за Микеланџело – да се наслика таванот на Систинската капела.
Повеќе од 300 човечки фигури на површина од 550 м2
Ѕидовите биле веќе насликани од страна на мајсторите на 15-тиот век, вклучувајќи го Ботичели и Перуџино. Но таванот бил обоен син, а на него има златни ѕвезди. Проблем биле и пукнатините на таванот. Јулиј побарал реконструкција и му наредил на Микеланџело да наслика 12 големи фигури на апостолите.
Во текот на работата, бројот на наредбите се зголемувал, па од 12 бројот прераснал на повеќе од 300 човечки фигури на површина од 550 метри квадратни. Микеланџело работел на таванот 4 години, воглавно лежејќи на грб, а Страшниот суд го сликал последните 6 години.
Фреските за прв пат биле прикажани во јавност во август 1511-та година, а биле завршени во октомври 1512-тата. Дваесет и четири години подоцна, Микеланџело се вратил во Систина за да го наслика Страшниот суд на ѕидот зад олтарот.
Микеланџело, кој самиот се плашаел дека ќе биде осуден, во таа прилика го насликал својот портрет во ликот на Свети Бартоломеј. Како инспирација за таванот на Систина, Микеланџело ја искористил песната која сам ја напишал:
Сите убавини на оваа земја
Која ја наоѓа желно и будно око
наликува на божествен извор
од кој сите потекнуваме
во него веќе гледаме дел од Рајот.