Богојавление денеска го слават и Руската , Украинската и Српската православна црква.
Останатите цркви пак, кои се водат по Григоријанскиот календар, како Грчката, Бугарската и Вселенската Патријарпија, водици го одбележаа на 6 јануари.
Покрај светите литургии и ритуалот на осветување на водите, во некои земји постоајт и различни традиции на чествување на празникот.
Капењето во ладна вода пред Богојавление е една од најатрактивните и најпопуларните традиции во Русија, бастионот на православието. И годинава , екстремно ниските температури и замрзнатите езера и реки не ги поколебаа верниците да учестуваат во богојалвенското капање. Според традицијата , секој верник се прекрстува и трипати нурнува во осветената вода за да се прочисти од физичките и моралните гревови.
Во Украина пак интересно е тоа што не се скока по богојавленскиот крст. Чинот на осветување на водите значи само спуштање на крстот во водите и негово извлекување. Потоа верниците се порпскуваат со вода.
Интересна традиција има и Бугарија. Покрај скокањето по светиот крст во водите што претходно свештениците и владиците ги осветуваат, во водите се ирга и богојавленско оро.
-Треба да се почитуваат традициите, бидејќи народ без традиции е осуден на пропаст. Ниту е страшно, ниту е ладно.
Од 1993 година во Бугарија се практикува на овој ден да се освети и знамето на бугарскат армија.
Идентично како и во Македонија, со фрлање по крст се слави и во Грци и во Вселенската патријаршија.
Вселенска патријаршија веќе неколку години Водици го слави и со осветување на водите на Босфор во Истанбул, но и во градот Измир , некогаш познат како Смирна каде по крсто се фрлаат претежно грчки верници кои живеат во Турција.