Папата ги венча Паола и Карлос на 11.000 метри надморска височина


Чилеанците Паола и Карлос ја имаа ретката среќа да бидат венчани од самиот Папа Францис и тоа во авионот што леташе над Чиле, јавуваат агенциите.

Младиот пар се стјуарди. Паола работи на авионот на Папата и за време на патувањето во Јужна Америка Карлос успеа да и се придружи на Паола.

Малиот ербас А321 што го пренесуваше религиозниот лидер и неколкумина новинари што ја следат посетата на Папата во Јужна Америка можеа да присуствуваат на ова невообичаено венчавање на 11.000 метри надморска височина.

Потоа Паола и Карлос ја раскажаа нивната приказна.

“Му кажавме дека сме венчани во општина, дека имаме две деца и би сакале тој да не благослови. Тој праша дали сме венчани во црква. Но ние не можевме да се венчаме во црква бидејќи на денот на нашата свадба во 2010 година имаше земјотрес во Чиле кој ја урна црквата во кој требаше да се одржи церемонијата”, раскажува Карлос кој има 41 година и работи во латино-американската компанија Латам.

Папата ги прашал дали сакаат тој да ги венча. Одговорот бил едногласно “да”. Потоа, Францис ги фатил за рака и ја благословил нивната врска и бурмите.

На крајот на оваа воздушна церемонија на која сведок бил Игнацио Куето, сопственик на компанијата Латам, Паола и Карлос потпишале венчален документ напишан на обичен бел лист хартија со ракописот на Папата:

“На 18 јануари 2018 година во авионот на Папата помеѓу Стантјаго и Икике се венчаа г-дин Карлос Киуфарди Елориага и г-ѓа Паола Подест Руиз во присуство на сведокот Ингацио Куето, пред Светиот Татко Папата Францис кој ја прими нивната согласност”, стои во текстот.

Младоженецот изјави дека папата му рекол оти настанот е „историски“ и дека никогаш претходно не се случило папа да венчава во авион.

Веднаш потоа многумина експерти за ватиканизам се прашуваа дали е валиден овој документ. На ова портпаролот на Светата Столица одговори дека “ова е голема радост и изнендување, се е валидно, официјални и има документ”.

За да биде една религиозна венчавка владина пред Црквата, согласноста на брачниот пар треба да биде искажана пред свештеник, во овој случај лично Папата и еден сведок.

Според чилеанските медиуми, Паола и Карлос направиле план со ваква разврска и побарале заедно да работат на летот на Папата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1