Фрлена бомба пред канцеларијата на СДСМ во Карпош


bomba250Пред канцеларијата на СДСМ во скопската населба Карпош вечерва е фрлена бомба. Според првичните информации, нема повредени.

Експлозија, во која се оштетени неколку возила, одекна вечерва пред регионалниот штаб на СДСМ, во скопската општина Карпош на улица „Варшавска“, дознава Плусинфо.

Информацијата ја потврдија од МВР, од каде велат дека за време на експлозијата очевидци немало. Според МВР, засега нема индиции за никаква поврзаност со СДСМ.

Неофицијално експлозијата е предизвикана најверојатно од рачна бомба, но за оваа информација сè уште нема потврда од МВР, бидејќи во тек е увидот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1