Речиси 70% од садовите кои се продадени во САД, содржат слој кој содржи PFOA (perfluorooctanoic) киселина – таканаречени (non-stick садови) и други видови на соединенија како (PFC) perffluorinated, кои се користат и за да се направи облека отпорна на дамки.
Запомнете дека ваквите садови кои што содржат (PFOA) се небезбедни. Безбедни сте се додека ги чувате во креденецот во вашиот дом, односно се додека не ги загревате.
На собна температура буквално не постои ослободување на флуорот во воздухот. Но, се разбира целта на готвењето е садовите да бидат загреани за да се подготви храната.
Кога нелепливите тави се загреваат, ослободуваат токсин во воздухот во вашата кујна. Кога ќе достигнат температура до 680 степени, за што е потребно време од 3 до 5 минути, најмалку шест отровни гасови ќе бидат ослободени.
На 1000 степени облогите на вашите садови го испуштаат штетниот агенс (PFIB).
Истражувањето откри дека овие токсини може да се акумлираат во крвта во алармантна стапка и можат да доведат до хронична болест со текот на времето.
За да ги избегнете истите, најдобро е да користите керамички или стаклени садови.