Денеска на состанокот во Цирих може да се пресуди дали ќе биде дозволено да се користи технологија на гол-линијата или не.
Интернационалниот фудбалски борд, (ИФАБ), во принцип ја дозволи употребата на технологија на гол-линијата во март, откако резултатите кои што ги направија две компании се покажаа како позитивни. Осум гласови се од страна на ИФАБ и по еден од националните фудбалски сојузи на Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска, а за изгалсување на ваквото решение потребно е мнозинство од три четвртини.
„Очекуваме да ги видиме заклучоците од тестовите кои што ги разгледува ЕМПА, (шведската тест лабалаторија), и се надеваме дека сите компании кои што се јавија и допрва ќе се јават на конкурсот, ќе ги исполнат критериумите, и дека донесувањето на новите правила во јули ќе биде само чиста формалност“, изјави првиот човек на англиската фудбалска федерација Алекс Хорн.
Првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер, изјави дека технологијата за гол-линијата не е нешто што му е потребно на фудбалот туку веќе станува негова неопходност, адулирајќи на грешката на помошникот арбитар позади гол-аут линијата, на мечот меѓу Украина и Англија, не забележувајќи чист погодок за ко-домаќинот.
Двата система беа тестирани, едниот „око соколово“, кој што е резултат на британски компании, и вториот „гол-реф“ – производ на дански и германски компании, кој вклучува магично поле во просторот од гол линијата до мрежата, кој благодарение на сензори ќе покаже дали топката ја минала линијата, нешто слично како во тенисот.