Денес во Кочани, на стадионот „Никола Мантов“ се одвиваше вистинска драма. Се играше 23. минута од натпреварот во Првата фудбалска лига за жени помеѓу Кочани– Њу Јорк кога гостинскиот играч со број 8, Исмани Сумеја одеднаш се струпули на тревата, а притоа околу нејзе немаше противнички играч.
На терен експресно брзо влезе лекар, но веднаш констатира дека ситуацијата е алармантна, па веднаш влета и возило на Брзата помош. Лекарите пет минути се обидуваа фудбалерката да ја вратата на нозе, но на крај мораа на носилка веднаш да ја пренесат во кочанската болница каде и се направени анализи на срцето и крвта.
Сумеја потоа со амбулантнот возило беше транспортирана во една од скопските клиники каде е задржана на понатамошни испитувања.
Спортклуб.мк