Гардијан: 2014 – година во знак на жената


Годинава што изминува беше година на жената, пишува „Гардијан“. Во текот на 2014 година, светот се занимаваше со малтретирањето на жените на улиците (дофрлување), даваше големи феминистички изјави, водеше и добиваше борби на унапредувањето на правата на жените

Британскиот весник состави листа на граници кои се пробиени во текот на 2014 година.
33malala

Малала Јусафзаи е добитничка на Нобеловата награда за мир и со своите 17 години е најмладата добитничка на оваа награда. Киднапирањето на 300 девојки од училиште во Нигерија го обедини светот во протест. Само во Нигерија од 30 април, активистите секојдневно се собираат во знак на протест поради киднапирањето. Бројни познати личности преку социјалните мрежи и хаштагот БрингБекАутГрлс се приклучија во кампањата.

Протестите во САД поради убиството на невооружен црнец, а пред сите Маршот на милиони во Њујорк беа организирани од младите жени Умара Елиот и Шинејд Николс.

Бијонсе застана пред огромниот натпис на феминистките на доделувањето на видео музичките награди ВМА и на тој начин инспирираше многумина. Ема Вотсон одржа инспиративен говор во ОН по што медиумите ширум светот ги испитуваа жените за нејзиниот став за феминизмот.

Иранската математичарка Марјам Мирзахани стана првата жена добитник на Филдсовиот медал за математика, професорката и научник Моника Грејди го славеше слетувањето на комета, и тоа десет години по лансирањето. Во Нигерија, докторката Стела Амејо заедно со својот тим го спречи ширењето на еболата низ земјата.

„Гардијан“ во својот натпис наведува уште голем број значајни настани за жените во оваа 2014 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1