Рускиот гигант во секторот за гас „Гаспром“ е најпрофитабилна компанија на светот според резултатите кои што ги објави американското издание Форбс за 2011 година.
Според Форбс, руската компанија во 2011 година остварила профит од 44,46 милијарди долари, што е повеќе од која било друга фирма во светот. На второто место по заработка се наоѓа американскиот нафтен гигант „Ексон мобил“, со заработка од 41,60 милијарди долари. Третото место и припадна на комерцијалната банка на Кина со профит од 32,21 милијарди долари, објави Форбс.