Гатачка му зела 600.000 евра на вљубен маж за да му ја среди љубовта – Банкротирал


Самонаречената јасновитка Присила Кели Делмаро (26) од Њујорк е уапсена пред неколку дена, бидејќи во несреќно вљубениот 32-годишен маж од Бруклин пронашла идеална жртва за „молзење“ пари.

Делмаро тој човек во изминатите 20 месеци успеала да го „олесни“ за 662.000 евра, меѓутоа вниманието на јавноста не го привлекло огромниот износ на парите колку приказните во кои „јасновитката“ успеала да го убеди несреќниот маж.

Вљубениот маж, имено, меѓу останатото Делмаро го наговорила да и купи временска машина за да се врати во минатото и да го исчисти од уроците (морал да и купи и златен „Ролекс“ во вредност од 26.000 евра), а кога тоа не помогнало убавата Мишел да го засака вљубениот маж, „јасновитката“ му наплатила 73.000 евра за изградба на 130 километри долг златен мост во паралелна димензија!296A1F1500000578-3113747-An_unidentified_32_year_old_Brooklyn_man_told_police_he_consulte-m-59_1433649031305

Тој мост, имено, и бил потребен за да го зароби лошиот дух кој му пречел на вљубениот маж да се најде во среќна љубовна врска со Мишел. Поради Мишел, несреќниот маж на измамничката продолжил да и плаќа луди износи дури и откако на Фејсбук во февруари 2014 година открил дека девојката умрела!

Бесчувствителната и немислосрдна Делмаро на кутриот маж му ја „продала“ приказната дека Мишел ја убиле демони и дека ќе успее да ја реинкарнира, па го испратила во Калифорнија да запознае некоја девојка во кој божем ја уфрлила душата на Мишел.

Разочаран од „новата Мишел“, на мажот најпосле му се вклучил алармот дека „јасновитката“ Делмаро е само една обична измамничка, па ангажирал приватен детектив и конечно се пријавил во полиција.

До тој момент, мажот чиј идентитет американските медиуми не го откриваат, бидејќи не е наведен во судските акти, останал без се што имал на сметка, без автомобилот и станот, а дошло дури и до тоа да позајмува големи суми од пријателите, роднините и колегите од работа.  Несреќно вљубениот маж поради измамничката Делмаро на крај банкротирал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1