Сем Ејмос, гатачка од Велика Британија, ја предвидува судбината но не гледа на дланка или во филџан кафе – туку гледа на задник!
Оваа жена како професионална гатачка за да ги докаже своите способности учествувала во едно телевизиско шоу.
И покажале фотографии од задниците на Кели Брук и Ријана. Гледајќи фотографија од задникот на Кели рекла.
– Гледам можност за заминување во Америка и преселва, нова врска, оваа жена поминала низ голема трансформација, рекла гатачката.
За Ријана рекла дека ја очекува голема радост, дека некој е бремен, можеби нејзина најдобра пријателка .
Но водителката на шега ја прашала – кој ти кажа Гугл. И и покажувала уште неколку фотографии не откривајќи го идентитетот на сопствениците.
Гатачката вели дека гледајќи во задниците, може да открие кои карактерни особини ги има личноста и каква иднина ја очекува.
Исто така додава дека десната страна на задникот го покажува минатото, а левата сегашноста.
Верувале или не но оваа дисциплина се вика Румпологија и нејзин прв преставник јавно познат е мајката на Сталоне, Џеки.
Таа верува дека овој начин на предвидување на иднината го користеле уште во Вавилон, Индина, стара Грција и Рим.
Румпологија е читање на линиите, пукнатините, наборите на задниците и ни овозможува да го разбереме минатото на поединецот и она што ќе му се случува во иднина, вели таа.