Директорот на „Македонска пошта“ во Битола направил скандал – не сакал да плати паркинг


Вчера попладне по 17 часот, кај старата автобуска станица во Битола кај Комплекс  Банки, директорот на „Македонска пошта“ во Битола, Евдал Акифи направил вистински неред и вандализам, како од каубојски филм, јавува локалниот веб-сајт „Шеталиште“.

bitola-500Сцената која наликувала на каубојски филм започнала кога директорот одбил да го плати билетот за паркинг. Наместо тоа, Акифи го зел билетот од влезниот терминал и заминал  на излезната рампа, чекајќи истата да се отвори, без да плати. Откако вработената во „Градски паркинзи“ потенцирала дека мора да се плати за да биде поништен билетот, Акифи рекол дека нема зошто тој да плаќа, па со својот автомобил „шкода“ поминал преку рампата, оштетувајќи  ја.

Откако ја искршил, на вработените во „Градски паркинзи“, кои биле таму, им рекол дека ќе го земе камионот за да им покаже кој треба да плати за паркинг. Набргу потоа се вратил на местото со службеното комбе и со голема брзина поминал преку влезната  рампа и ја оштетил, па продолжил кон излезната и ја докршил.

За крај, директорот со голема брзина, враќајќи се во рикверц го удрил и терминалот со што го искршил, исто како и рампата.

Полицијата веднаш пристигнала на местото, но Акифи се вратил уште еднаш и пред очите  на шест службени лица од МВР,  му наредил на неговиот вработен – шофер на камионот да оди во рикверц  и повторно да удри на влезниот терминал, со цел да им покаже на полицајците дека наплатната  рампа му смета.

Во случајот се инволвирани три службени возила и двајца возачи, од кои едниот е директорот на „Македонска пошта- Битола, Евдал Акифи. Во Битола неодамна беше воведено зонско паркирање, а некои од граѓаните сѐ уште не можат да се навикнат на новите правила.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1