Убавиот живот и трагичната судбина на Тоше – книгата излегува на неговиот роденден


На 25 јануари денот на раѓањето на Тоше Проески ќе се  промовира книгата „Ова не е крај„  во која се опфатени сегменти од животот на македонската музичка легенда  од неговото раѓање и  блескава кариера.

spek-toseСеќавања за него споделуваат членовите на најблиското семејство, сестрата Дора, зетот Славен Ристески, внукот Кристијан. Интересни случки од детството откриваат и неговите другари.

Читателите ќе имат можност  да дознаат за почетоците на кариерата на македонската легенда, за  првите настапи и првата отпеана песна. Како се одвиваше неговиот професионален музички пат, спомени споделуваат македонските автори , изведувачи и продуценти, преставници на медиумите, како и познати имиња од светот на класичната музика и од спортот.

600full-tose-proeski----live-collection-

За кариерата на Тоше во Србија свои искуства споделуваат неколку  музички соработници и изведувачи и неколку познати српски новинари.

Како Тоше ја освои Хрватска и Блаканот ќе откријат повеќе значајни личности од тамошниот музички пазар.

Светски автори ќе го споделат искуството за соработката со нашата легенда при снимањето  на албумот “The Hardest Thing”.За потребите на книгата се интервјуирани повеќе од 80 соговорници.

На книгата се работеше темелно , а за тоа ни беше потребно подолго време. Ќе биде во луксузно пакување, правена е  по терк на изданијата за светските ѕвезди. Во неа има фотографии на Тоше од неговиот приватен албум. На нив се овековечени моментите со неговото најблиско семејство, како и од детството, од првите чекори на снегот, првите настапи, концерти, фотосесии.

Автор на „Ова не е крај„  е Соња Алексоска Неделковска.  Издавач е Фондација Тоше Проески.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1