Плејбој зајачица најдена мртва во када


Ка­сан­дра Лин Хен­сли (34), за­ја­чи­ца на „Плеј­бој“, е про­нај­де­на мр­тва во ста­нот на неј­зи­ни­от при­ја­тел. Таа би­ла мр­тва ко­га неј­зи­ни­от при­ја­тел во сре­да­та до­шол во сво­јот стан во Лос Ан­џе­лес, ка­де што ја про­на­шол непод­виж­на во ка­дата. Ка­сан­дра на­вод­но ум­ре­ла во втор­ни­кот.

playboy17n-3-webКа­сан­дра, ко­ја би­ла Мис на „Плеј­бој“ за фев­ру­а­ри 2006 го­дина, из­вес­но вре­ме жи­ве­е­ла со Хју Хефнер во па­ла­та­та „Плеј­бој“. Таа во по­след­но вре­ме жи­ве­е­ла во Ви­р­џи­нија, а во Лос Ан­џе­лес би­ла кај при­ја­те­лот.

По­ра­неш­на­та за­ја­чи­ца на „Плеј­бој“ се пре­до­зи­ра­ла од дрога. Иа­ко не­ма тра­ги на на­сил­ство, по­ли­ци­ја­та сѐ уш­те ис­тра­жу­ва во как­ви окол­нос­ти по­чи­нала.

Ка­сан­дра по­тек­ну­ва од Салт Лејк Си­ти во со­јуз­на­та држа­ва Јута. Со ма­не­кен­ство поч­на­ла да се за­ни­ма­ва за да си го пла­ти шко­лу­ва­њето. По сво­ја­та ка­ри­е­ра во „Плеј­бој“, по­зи­ра­ла за број­ни дру­ги ма­га­зини, учес­тву­ва­ла во раз­ни шо­уа и ги со­ве­ту­ва­ла мла­ди­те де­вој­ки ка­ко да ус­пе­ат во све­тот на ма­не­кен­ството.

Таа не­о­дам­на би­ла прог­ла­се­на за „Ан­гел на ме­се­цот“ на ма­га­зи­нот „Мет­ро­по­лис најтс“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1