Газда 10 месеци не им дава плата на вработени во Куманово


Вработените во фабриката ФЗЦ денеска протестираа бидејќи десет месеци не земале плати, и не им се платени придонеси. Велат дека и наредните денови ќе продолжат со протести, се додека не ги добијат заработените пари, пренесува Kumanovonews.Denari

Не дозволивме раководството да влезе во своите канцеларии. Ќе протестираме се додека не земеме плата. Ние две години веќе преговараме, ама нема ништо од тоа. Ни ветуваа ајде пред празник, ајде по празник ќе ни дадат плата и уште не сме земале, а ни должат 10 плати – вели вработен во ФЗЦ.

Вработените од ФЗЦ досега повеќе пати протестираа поради неисплатени плати.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1