Почна лидерската средба во Скопје


Во Клубот на пратениците во Скопје почна средбата на лидерите на четирите најголеми партии Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА.

На средбата, како набљудувачи, присуствуваат амбасадорот на САД Џес Бејли и шефот на мисијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.gruevski zaev ahmeti taci

Премиерот Груевски е придржуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски, Зоран Заев од Рената Дескоска Треневска, Али Ахмети од Артан Груби, а Мендух Тачи од Беким Фазлиу.

Средбата се одржува зад затворена врата и без можност за фотографирање.

Лидерската средба е на заедничка иницијатива на четирите најголеми парламентарни партии и со поддршка на меѓународната заедница, со цел да почне дијалог за решавање на политичката криза.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1