Велешанката Александра Богданова е само една од осумдесетте жени кои лани, во ноември и декември работеле во погонот на фирмата “Замрзната храна“ во Неготино и до денес не добиле плата.
Богданова вели дека досега се обиделе на сите можни начини да го натераат газдата Аврамидис Иаковас да им даде плата но, не успеале. За неа и колешките излегувањето пред камера е последна надеж дека ќе успеат да си го наплатат долгот, бидејќи една од нив не дочекала.Овие жени биле надничарки на норма. Работеле за дневница од 350 денари. Имаат и договор кој го склучиле за работа со фирмата „Замрзната храна“, експорт-импорт чие седиште е во Скопје. Сите рекоа дека вредно работеле на обработка на замрзнати полжави во погон во Неготино што воопшто не било лесно покрај фрижидери и на минус 13 степени во ноември. Раскажаа дека безуспешни биле обидите преку државните институции да дојдат до платите а немаат пари за да тужат.
Канал 5 не успеа да стапи во контакт со газдата Иаковас од кого жените си ги барат платите и да ги одјави од фондот за здравство бидејќи не можат да се лекуваат. Единствено на телефон се јави раководителот Ѓоко кој соопшти дека имало најава за исплата на заостанатите плати најдоцна за 15 дена.
Канал 5