Газда на фирма доби пријава зошто дал отказ на 6 вработени, незаконски


job-layoff-otkazПС Берово поднесе кривична пријава против С.Т.(57) од с.Смојмирово-беровско, основач и управител во ДПТУ „Стол Пром“ ДООЕЛ-с.Мачево и против наведеното правно лице, за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „повреда на правото од социјално осигурување“.

Според полицискиот извештај, пријавениот, спротивно на Законот за работни односи и Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во јуни 2013 година неосновано им го прекинал работниот однос на шест вработени и за претходните три месеци не им го исплатил личниот доход, а не им било платено пензиско, здравствено и инвалидско осигурување, оштетувајќи ги за износ од 262.800 денари.

Скај

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1