Донирал 10.000 долари за болната Тијана, а не за родителите да си ги земат парите – ги тужи


tijanaПротив Јелена Огњановиќ, мајката на починатата Тијана (8), на чија сметка во големата хуманитарна акција за трансплантација на срце во Хјустон се префрлени 1.260.000 долари, ќе биде поднесена тужба, и тоа од еден разочаран Србин од САД.

Станува збор за З.Д. ( 58 ), кој преку својот син разбрал за болното девојче и донирал 10.000 долари.

– Јас се чувствувам измамен, бидејќи парите не им ги пратив како подарок на Огњановиќ, туку како помош за нивното девојче да продолжи да живее.

ja tuzi majkata na tijana

Јас од срце, како со мое семејство, застанав со нив, и сега верувам дека тие имаат морална обврска да ми кажат колку пари собрале, каде ги потрошиле и што имаат намера да прават со остатокот – објаснува овој хуман човек.

– Ми рече дека им се потребни средства за едногодишен престој во САД, а јас наивно ѝ поверував и бев подготвен да ѝ дадам уште повеќе.

Тужбата за повлекување на парите не е поради парите, туку поради мојот син, кој премногу беше приврзан на Србија и на нашиот народ, а сега е изневерен и огорчен – вели тој, додавајќи дека кога парите ќе му се вратат, повторно ќе ги уплати на сметка на други болни деца.

Неговиот адвокат Гордана Весковиќ нагласи за српските медиуми дека ќе ја искористат последната опција тужбата, откако по налог на судот ќе им биде даден извештај за состојбата на сметката.

faksimil

– Како адвокат тврдам дека овие пари не можат да им припаднат на семејството Огњановиќ. Никој не им ги даде како подарок, туку како пари за лекување на детето.

Значи, прашањето е како тие би можеле да имаат посебна наменска сметка, која подоцна им станала приватна сметка на која ги префрлиле парите.

Тоа е како кога банката ви дава наменски кредит, кој вие не можете да го искористите и за други цели, во спротивно, таа ќе ви изврши присилна наплата и ќе си ги врати парите – објаснува таа, велејќи и дека е многу чудно тоа што се продолжило со уплатата на оваа сметка и покрај веќе соберените 710.000 долари.

Тијана беше девојчето за чија операција цела Србија се сплоти и донираше пари, но девојчето не успеа да преживее.

Сега ова е еден од најголемите скандали што ја тресат Србија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1