bscap0000-147-Минатата недела, Канал 5 објави дека извршителите во печатот, освен адреса на живеење, ги обелоденуваат и матичните броеви. По ова, Дирекцијата за заштита на лични податоци испрати укажување до Комората на извршители, но тие си продолжиле по старо. Затоа Дирекцијата решила да ги удри по џебот за да почнат да го почитуваат законот.

Денеска, Ѓеорѓиевски и првиот човек на извршителите имале состанок, но тој немал логично објаснување зошто целосно ги соголуваат граѓаните, со чии податоци може лесно да се манипулира.

Извршителите со години ги објавуваат матичните броеви, а граѓаните си молчат и досега нема ниту една претставка за оваа злоупотреба. Токму за подигнување на јавната свест кај граѓаните, денеска дирекцијата назначи свој Амбасадор – пејачот Бени Шакири, чија улога ќе биде да влијае на создавање на култура за заштита на приватноста. Најголем дел од поплаките на граѓаните за злоупотреба се однесуваат на социјалните мрежи и оваа година од вкупно 188 претставки, дури 173 се за Фејсбук.

Канал 5