Некој го извадил вентилот на браната кај неготинско Липа – водата завршила во Вардар


Непознат сторител го извадил испусниот вентил на браната кај неготинско село Липа и водата завршила во реката Вардар.

vardar-vreka-640x320Според претседателот на селската месна заедница Јован Ѓелов ова претставува еколошка катастрофа, бидејќи имало угинати риби, а добитокот од неколку сточарски семејства останал без вода за пиење, пренесува а1оН.

Ова е според нас вистинска еколошка катастрофа за регионот. Во прашање е човечки фактор. Некој треба да сноси одговорност за ова. Веќе информиравме повеќе надлежни институции тоа што се случи. Од оваа брана се наводнуваа и земјоделски површини. Бараме да се санира состојбата бидејќи без оваа брана околината ќе биде пустелија, рече Ѓелов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1