Газдата на Лестер и ќерка му биле во хеликоптерот! (ФОТО)


Иако британската полиција уште не соопшти кој загина во трагичната хеликоптерска несреќа во Лестер, според извори од клубот, во хеликоптерот кој падна на паркинг кратко по крајот на мечот со Вест хем во неделата биле соптвеникот Вичаи Шриваданапраба, неговата ќерка и уште тројца – два пилоти и еден засега неидентификуван патник.

Лестер уште нема никакво соопштение на социјалните мрежи, но затоа „Ројтерс“ и „Скај Спортс“ објавија дека немало преживеани во хеликоптерот, кој се урна покрај стадионот „Кинг Пауер“.

Освен тајландаскиот милијардер и сосптвеникот на Лестер, во авионот биле неговата ќерка, двајца пилоти и уште едно непознато лице, според англиските медиуми.

Ова е навистина голема трагедија во светот на фудбалот и никој не може да остане мирен поради несреќата. Навивачите утрово пред стадионот донесоа цвеќе и се молеа за семејствата, но очигледно неизбежна беше оваа тажна судбина.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1