Газдата на „Пинк“: Ќе го пронајдам убиецот на Ивана – Бевме во блиска врска


Жељко Митровиќ, зопственик на „Пинк“ бил сослушан во средата во полиција за мистериозата смрт на Ивана Бакиќ Бодрожиќ (31), која минатиот четврток била пронајдена мртва.zeljko1

-Митровиќ сам дојде во белградската полиција и барал да разговара со инспекторите кои ја водат истрагата за смртта на Ивана. Тој дал официјален исказ, а сослушувањето траело неколку часа. Сопственикот на „Пинк“ рекол дека смртта на Ивана на него влијаело многу лошо, бидејќи со неа бил во блиска врска во последните 7 години. Тој изјавил дека се запознале кога таа дошла да работи во неговата компанија. Ги раскажал своите последни контакти со неа, како и тоа дека Ивана во собата во која е пронајдена мртва, била со негово одобрение. Митровиќ изјавил дека на денот на нејзината смрт бил во „Хајат“ со својата сопруга Милица каде го славеле роденденот на Вељко Ражњатовиќ, но дека не влегувал во хотелската соба во која била Ивана, изјавиле за Блиц.рс од полицијата.

Како што тврдат од полицијата, исказот на Митровиќ го потврдуваат и до сега собраните докази.propofl_thumb_medium500_268

-Според прегледаните снимки од ходникот кој води во соба 326 во која била Ивана, освен неа никој друг не влегол во собата. Но, за секој случај ДНК-то пронајдено во собата ќе биде споредено со оној на блиските личности, особено со оние со кои таа кобна ноќ Ивана разговарала по телефон и преку СМС, додаваат од полицијата.

Митровиќ како што дознава „Блиц“ објаснил дека Ивана немала причина за да изврши самоубиство, туку дека немарно вбризала поголемо количество лекарства.

Единствен начин да бидам сигурен дека полицијата ќе го истражи случајот до крај и дека ќе ги пронајде и осуди луѓето кои и’ ставиј бранула и и’ продадоа многу опасна анестезија, е ако се ставам себе си во центарот на случувањата. Жељко Митровиќ, сопственикот на “Пинк“ за српски Курир изјавил дека ќе направи се за да се реши мистеријата околу смртта на Ивана (31) која била вработена во неговата компанија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1